Во Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе се одржи Петтиот состанок за ретки болести во Југоисточна Европа.
На состанокот, како што информираат од МАНУ, ќе стане збор за новите сознанија во дијагностиката, терапијата на ретките болести, како и користа на молекуларните сознанија за ретките болести во така наречените чести болести.
Учесниците на собирот посебен акцент ќе стават на генската терапија и митохондријални заболувања.
На состанокот најавено е обраќање на сопругата на македонскиот претседател Маја Иванова, на претседателот на МАНУ Таќи Фити, на министерот за здравство Никола Тодоров, на директорот на Истражувачки центар за генетски инжинеринг и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“ Момир Поленаковиќ и на директорката на Универзитетска детска клиника Скопје, Аспазија Софијанова.