Пандев: Најважен е колективот, екипата го исфрла поединецот во прв план

Од:

Горан Пандев капитенот на најдобрата фудбалска репрезентацијата на Македонија смета дека Македонија има право да се надева на добра игра против големиот фаворит Шпанија на натпреварот во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година, кој вечерва ќе се игра во Гранада.

– Ако бидеме вистински и доколку секој во тимот ја извршува својата задача и работи за колективот тогаш може да бидеме оптимисти и да веруваме дека може да одиграме добар натпревар. Шпанија е јасен фаворит, една од најдобрите светски репрезентации, за нас е неопходно да бидеме максимално концентрирани. Треба да сфатиме дека екипата е таа која го исфрла поединецот во прв план, многу е важно така да се однесуваме и на теренот. Навистина ни недостасуваше спортска среќа на претходните натпревари, не беше едноставно да ги прифатиме тие резултати, но мораме да ја кренеме главата и повторно да излеземе со намера да се надигруваме и да бараме позитивни нешта. Се чувствувам подготвен, верувам дека и останатите играчи имаат мотив и желба за голем натпревар, останува да излеземе на терен и да се бориме, изјави Горан Пандев.

Дуелот Шпанија – Македонија е во рамките од 4. коло на Г групата, а ќе започне во терминот од 20 част и 45 минути, термин во кој ќе се играат и средбите Албанија – Израел и Лихтенштајн – Италија.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска