Неделкова: Владимир Панчевски не заслужува уште една шанса, политиката да се тргне од судството

Од:

Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова во интерју за “360 степени“ изјави дека претседателот на Кривичен суд Владимир Панчевски не заслужува реизбор на функцијата.

-Со оглед како ја извршува својата функција, не верувам дека треба да добие уште една шанса, моето уверување е дека не треба, рече таа.

Таа кажа дека нема никаква лична нетрпеливост помеѓу нив двајцата и дека се недолични насловите во медиумите, како “Војна на ѕвездите“ за да се опише односот помеѓу двајца носители на високи функции во судската власт.

Не е тоа личен однос и нема зошто да биде личен однос. Кога бев претседател на Кривичен суд токму јас го промовирав Панчевски да биде судија во оделението за организиран криминал. Како судија можеби ја практицираше функцијата коректно, но сега очигледно не се снаоѓа како претседател на судот, рече таа.

Долго време знам за неговите чудни навики за укажувањата кон судиите , тој често пати им укажува и како да применат одредба од законот или како да не постапат по одредена одлука на Врховниот суд. Јас укажував, ама немаше никаков резултат. Во секој случај чудна навика и неспоива со функцијата која ја врши, рече Неделкова.

На прашањето на водителот дали го забележала односот на Кривичниот суд,каде Панчевски е претседател за двојниот аршин кон предметите од ОЈО и СЈО таа кажа дека тоа би било така, доколку и статистиката истото го покажува.
-Ако статистиката покажува тогаш е така, точно е дека е впечатливо дека има поинаква пракса, но судските предмети не се само бројки тие се и суштина, треба да се види дали има место за таквите тврдења, рече таа но и укаже дека предметите од ОЈО се често итни и тогаш се случуваат, а од СЈО можеби имаат веќе една времеска дистанца при што не е приоритетно да се одредуваат мерки.

Неделкова смета дека нема потреба од Специјално судско одделение за предметите од СЈО. Според неа, и да се формира такво оделение ќе бидат повторно судиите од тој суд каде Панчевски е претседател.

-Единствено, може да се одредеат одреден број судии кои ќе постапуваат само по предметите на СЈО, но поради ефикасно постапување, зашто судиите работат и по други предмети, рече таа.

Неделкова кажа дека секогаш имала критички став за проблемите во судството, но и дека секогаш тоа сакала да го реши внатре во судскиот систем.

-Јавно без изнесени моите забелешки кога се носеа системските закони, дека одредени одредби не се во согласност со ефикасноста на судскиот систем. Не го одобрувам политичкот мешање, политиката треба да се тргне од судството, а судиите не треба да бидат предмет на политички маркетинг.

Неделкова се дистанцираше од разговорите во “бомбите“ и кажа дека таа никогаш не добила поклони кои се спомнуваа во еден од разговорите.

Таа не се согласува ниту со ставот на Ѓорге Иванов дека претставници на меѓународната заедница мешетарат по судските ходници.

-Не е мешање на меѓународната заедница во судството кога амбасадорите доаѓаа во посета на Врховниот суд. Тоа било и ќе биде. Тие вложуваат многу пари и имаат желба да ни помогнат да создадеме независно судство, а некој да го толкува тоа како шетање по кулоарите е несериозно,одговори Неделкова.

Таа не крие дека Судскиот совет зема овластувања кои ги нема по законот.

-Внатре во рамките на моите активности се обидов да укажам како да се подобрат работите. Врховниот суд е највисокиот суд, а Судскиот совет е независен орган кој треба да ја штити независноста, тука настана недоразбирање, некој не може да разбере. Судскиот совет со оглед на комоцијата од Уставот и законот од шест години мандат и можноста за уште еден избор, тие се исклучија од судскиот систем, не можеа да видат како функционираат во живо, можат само преку хартија, преку увид во предметите.

Дали поради критиките падна во немилост на власта, а ја донесоа во конфликт и со Судскиот совет?

Повеќе од две години не се објавува оглас за четири судии во Врховен суд кои заминаа во пензија, јас укажувам дека ќе дојде до неажурност и тоа се случи, без разлика што се работи за стотина предмети кои не сме ги завршиле во терминот.

Дали заради критиките ви се одмазува Судскиот совет?

Ако се земе в предвид дека на последните седници на Судскиот совет бев задоцнето повикувано можам и така да го толкувам..

Неделкова, иако конкурираше, не се најде на листата предлози за судија во Стразбур.

На повикот конкурирав и јас, но чудно е како претседател на Врховен суд и со одлични препораки, со Си Ви кое не може да се прочита во еден ден.. прва ја применував Европската конвенција за човекови права. Бев интервјуирана ама не добив никакво известување. Самата постапка беше несоодветна и нетранспарентна, рече таа.

Неделкова повторно конкурира за претседател на Врховниот суд, но дали однапред е изгубена битката со оглед дека е се посилна во критииките кон Судскиот совет?

Се надевам дека ќе бидам избрана зошто имам одлични препораки, мојата работа е сама по себе доволна да се кандидирам. Поднесов сериозна и опсежна програма за работа. Ако се држи до законот судијата не мора да се плаши. Ако не ме изберат, ќе продолжам како судија во Врховниот суд, рече Неделкова.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО