Сепак,ова ќе биде битка на луѓе кои придонеле во рушењето на овај режим, на луѓе кои без оглед на условната лукративност го оставаат овај режим, на оние кои се извалкаа, на оние кои не` потклекнаа, на оние кои до последно слугуваа и на оние кои беа ревносни.
Сепак, ова ќе биде битка на сите против Фамилијата Верски.Се вели дека не можеш да му служиш и на Бога и на Мамуна. Сепак, ова е битка во која треба да учествуваат и оние кои во “пет до дванаесет” можеби сфатиле.
Не е важно кој е со нас, туку колку сме против Фамилијата. Оставките и оградувањата се за на конгресите во партиите. Видовме што не/направија Роза, Љубица и Солза кога се повикуваа во име на демократијата. Резултатот беше- легитимитет на Фамилијата. Не сфатив како може многу важни политички личности да молчат години на колежот од Фамилијата, а денес да “фрчат” со ставови од дувлата во кои заспаа и да бараат грешки во стратегијата од опозицијата.Сепак, нема поголемо зло од долгото молчење.
И да, повторно доаѓаме до истото, зарем не знаете дека вие кои сте поморални од Лиле и Драгиша, ќе бидете историски налик на нив со ова што го правите денес.
Сепак, ова е време кога и членови на ДПМНЕ треба да се приклучат. Од едната страна имаше битка за тоа кој колку придонел во борбата против криминалците, од другата страна листи на ДПМНЕ чии носители се обвинети за сериозен криминал.
И зарем ова заслужува да се релативизира? Ќе ве потсетам на ендек, Мартин, Младенов, Тамара, кинеска провизија, Водно, лифт, вреќи во ДИК, Пустец, Центар, шамари. Море, марш и Вие и “принципиелноста” ваша заедно со оградувањето.
Нема погрешни листи, ниту погрешни кандидати, има само борба на луѓе од едната страна со мафијата од другата страна.Кога битката која си ја водел е искрена, тогаш повеќе од јасно е дека поголемата слика е поважна од суетата. Нас мора да ни се повтори Центар, реално.
Сепак, не вреди една бура заради аматерски фотографии од некој политички анафалбет, на кој му е поважно каде седи отколку пораката која ја праќа.
Дејан Блажески