Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а во западните делови засилен југозападен ветер. Попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните делови каде и ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од 11 до 18 степени.

Во Скопје слично време, претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во сабота врнежите од дожд ќе продолжат и локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Од недела следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со пониски утрински температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски