СДСМ Охрид: Се што вети Бакрачески во својот мандат, ништо не исполни

Од:

„Со наближување на денот на изборите и промените коишто ќе се случат во Македонија, нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.

Недомаќинското и неодговорно работење на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески се повеќе доаѓа до израз.

Додека бројни населени места се уште немаат водоводна, канализациона мрежа и атмосферска канализација, Бакрачески без срам се обидува да ја замајува јавноста со некакви реализирани проекти.

Охриѓани знаат, се што во својот мандат вети Бакрачески, ништо не исполни.

Го нема ветениот Дом за стари лица, нема затворен Градски пазар, нема откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи, нема индустриска зона во Мауцхер.

Индустриската зона Охрид – Струга, која спектакуларно беше отворена од обвинетиот Никола Груевски плива во вода.

Нема нити домашни нити странски инвестиции во Охрид.

Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ 4 години бараат изговори зошто ниту еден проект којшто е од големо значење за охриѓани не е реализиран.

На Охрид му се потребни вистински проекти. СДСМ има план за реални промени. СДСМ има план за живот во Македонија. Затоа што за СДСМ секој е важен“, се вели во соопштението на СДСМ Охрид.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Радеска: Владата на Христијан Мицкоски ги остави мајките и новороденчињата без основната сигурност што им следува по закон

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија