На Државниот универзитет во Тетово денеска беше изложен мозаик на Мајка Тереза составен од 87 слики изработени од 56 уметници од Факултетот за уметност при ДУТ. Бројот на сликите ги симболизираат годините кои ги живеела оваа хуманистка.
На свеченоста, деканот на факултетот за уметности Мифтар Мемети ја изрази својата посветеност и благодарност кон работата на Мајка Тереза.
По отворањето на изложбата се одржа научна-конференција на тема „Животот, дејноста и хуманоста на светицата Мајка Тереза” на која беа претставени нејзините дела. Ректорот на унирвезитетот Вулнет Амети истакна дека големите успеси на секоја цивилизација секогаш се остваруваат од страна на мал број светли умови и оти тие ги синтетизираат сите напори на една раса, нација и на една одредена епоха .
– Мајка Тереза го отелотворува најтипичниот пример на цивилизацијата и хуманоста. Со прогласувањето на Мајка Тереза за светица Светата Столица го овековечи нејзиниот безграничен хуманизам бидејќи таа беше добродушна жена која секогаш беше покрај сиромашните, болните, старите и децата без родители и семејна грижа, изјави Амети.