Туристички информатицвен центар во СРЦ Пониква

Од:

Општина Кочани ја заврши адаптацијата на една од општинските згради на Пониква која ќе работи како Туристички информативен центар – Пониква. Проектот, општината го доби преку Источниот плански регион, а е финансиран од Програмата за зачувување на природата во Македонија од Швајцарската агенција за развој и соработка.

– Главната цел на Туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот и за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, но и да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на селективни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туристизмот, изјави градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Во Туристичкиот информативен центар, според Димитровски, се вложени 3,2 милиони денари за реконструкција на објектот и за опремување и дворно уредување. Туристичкиот центар на Пониква располага со видиковци, двогледи и други инструменти за набљудување на околината. Со почетокот на змската туристичка сезона се очекува и неговата промоција.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ