Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со засилен јужен ветер и со појава на врнежи, најинтензивни во западните делови од земјата. Наместа врнежите, особено на запад ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи, по некаде во форма на невреме.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 22 степени.

Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со повремено засилен јужен ветер, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи во Скопската котлина.

Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Врнежи од дожд ќе има во текот на утрешниот ден и во среда. Наместа локално вкупните измерени водени количества ќе надминуваат 60 л/м2. Врнежите ќе бидат повремено проследени со грмежи, засилен ветер, по некаде и во форма на невреме.

Во среда ќе започне да дува северен ветер кон крајот на денот и тој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Во четврток на планините на север и на запад ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски