Увид во градежните работи на улица „Ѓорче Петров“, каде што изминативе неколку месеци се вршеа градежни работи за реконструкција на оваа сообраќајница, денеска извршија градоначалникот на Скопј, Коце Трајановски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митровски и директорот на ЈП „Улици и патишта“ Синиша Ивановски.
Сообраќајницата се реконструира на потег од кружниот тек кај СП „Планет“ до крстосницата каде што е лоцирана зградата на општина Ѓорче Петров, во должина од 1.245 метри. Асфалстирањето на коловозот е завршен и е нанесен нов асфалтен слој со дебелина од 5 сантиметри, а се работи и на реконструкција на велосипедските и на пешачките патеки.
За реконструкција на коловозот на улицата „Ѓорче Петров“, на потегот од кружниот тек кај СП „Планет“ до општинската зграда, Градот Скопје вложи околу 21 милиони денари, додека на терен работите ги извршуваат екипите на „Пелагонија“ АД Гостивар.
Со реализацијата на проектот значително треба да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, бидејќи улицата „Ѓорче Петров“ е од исклучително значење за жителите на општината и за сите учесници во сообраќајот што се упатуваат кон излезот на Скопје, информираат од Град Скипје.