Тројца американски војници убиени се денеска во престрелка пред влезот на тренинг камп во Јордан, изјави американски претставник, пренесува БТА.
Претходно беше соопштено за двајца загинати и еден повреден, кој им подлегнал на повредите во болница.
– Војниците биле во автомобил и се приближиле кон влезот на јордански воен тренинг камп, кога кон нив била отворен оган од лесно оружје. Работиме со јорданската влада на собирање информации за она што се случило, додаде американскиот претставник.
Јорданската војска претходно соопшти дека двајца американски инструктори се убиени, а трет е ранет во престрелка со јордански војници на влезот на воздухопловна база „Принц Фејсал” во реонот Ал Џафр, во јужен Јордан.
Според јорданската армија, престрелката, во која бил повреден и јордански офицер, избувнала откако возилото со инструкторите се обидело да влезе во базата и не запрело кога јорданската војска тоа го побарала.