Министерството за финансии во реакција на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов наведува дека на веб-страната на Министерството за финансии може да провери дека на 6 ноември доспеваат за враќање 751 милион денари, додека на 8 ноември се одржува аукција на која се побаруваат државни хартии од вредност во износ од 750 милиони денари.
Според Министерството станува збор за презапишување на записите и оти ова е уште една епизода на дезинформирање на јавноста со цел негативен ПР за состојбата на државниот долг.
– Фрапантно, истакнуваат, е дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов да не знае да чита календар на аукции на државни хартии од вредност.