Затворот во Охрид под засилено полициско обезбедување

Од:

Од вчера попладнето во близина на охридскиот затвор и полициската станица е распоредено засилено полициско обезбедување. На улиците во тој дел од градот не е дозволено паркирање и задржување на возила, а објектите ги обезбедуваат полициски службеници под полна оперативна опрема.

Во врска со случајот од СВР Охрид упатуваат на какви било информации во Министерството за правда, со појаснување дека затворот во Охрид потпаѓа во надлежност на оваа институција, односно дека станува збор за активности во нивна ингеренција.

Иако официјално непотврдено станува збор за префрлање на дел од обвинетите во предметот за кој се води судска постапка во врска со случајот во кумановската „Дива населба“.

Засиленото присуство на полициско обезбедување предизвика вознемиреност кај граѓаните на Охрид.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид