Стабилно и топло време за викендот

Од:

Стабилно и релтивно топло време ќе има за време на претстојниот викенд. По одделни котлини, како што соопштуваат од УХМР, ќе има појава на магла.

Минималната температура утре ќе биде од 3 до 8, а максималната дневна од 15 до 19 степени. Во недела утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а дневната од 16 до 21 степен.

Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.

Температурата во понеделник ќе биде од 6 до 22, во вторник од 7 до 21 степен, во среда од 6 до 19 степени и во четврток од 3 до 15 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски