Дваесет нови случаи со ХИВ/СИДА во Македонија

Од:

Дваесет случаи со ХИВ/СИДА се регистрирани годинава во Македонија, што е најголем број новооткриени случаи годишно од 1987 година досега. Од нив 12 имаат Сида, а осум се ХИВ позитивни. Од 1987 година, досега, во Македонија се регистрирани 166 случаи со ХИВ/СИДА од кои 69 починале. Деведесет и седум лица во Македонија во моментов живеат со ХИВ/СИДА.

Ова денеска на прес-конференција го истакна д-р Жарко Караџовски од Инстутот за јавно здравје на Македонија, во пресрет на 1 декември, Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА.Тој посочи дека од новорегистрираните, 15 се машки, а пет женски лица.

– Најголем број од нив, 12 се регистрирани во Скопје, по тројца во Куманово и Радовиш и двајца во Кичево. Од нив, еден случај е на возраст до шест години, пет случаи се на возраст од 20 до 25 години, осум случаи од 30 до 39 години, а шест од 40-49 години, додаде Караџовски.

Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство истакна дека превенцијата е единствената мерка за заштита од ХИВ/СИДА.

Таа потенцира дека во Програмата за заштита на населението од  ХИВ/СИДА што изготвува Министерството за здравство за идната година се обезбедени шест милиони денари за лекување на пациентите со ХИВ/СИДА.

– Сите центри за јавно здравје во државата ќе организираат предавања за младите. Тимови од Црвениот крст ќе делат презервативи на прометни места, а во 15 до 20 компании ќе се поделат брошури и прашалници за да се утврди информираноста на вработените за ХИВ/СИДА, додаде Костовска.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, Ѕвонко Миленковиќ рече дека во таа јавна здравствена установа има високо обучен персонал за третман на пациентите со ХИВ/СИДА и оти располагаат со најсовремена дијагностичка опрема.

Во светски рамки има намалување на бројот на инфицирани со ХИВ, чиј број изнесува 34,2 милиони, а новооткриени се 2,5 милиони. Од СИДА досега во светот починале 1,7 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Заразата се шири: Смртоносниот вирус веќе стигна во Европа

Горан Наумовски

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Нова опасност се шири низ светот, ја нарекуваат XBB15

Горан Наумовски