Се шири вирусот Западен Нил во Грција, четири жртви и десетици заразени

Од:

Во Грција се регистрирани четири смртни случаи како последица на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Националната организација за јавно здравје (EODY), наведувајќи дека сите починати биле постари од 65 години.

Според податоците на организацијата, заклучно со 29 јули годинава се регистрирани 42 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Кај 37 лица биле развиени сериозни невролошки компликации, како енцефалитис или менингитис, додека петмина имале полесна клиничка слика.

Само во текот на изминатата недела во Грција биле пријавени 21 нов случај, како и уште еден поврзан со патување во земја каде што вирусот е ендемски присутен.

Во моментов се хоспитализирани 13 пациенти, од кои петмина се лекуваат на одделение за интензивна нега.

Вирусот Западен Нил е заразно заболување од групата зоонози, кое се пренесува на луѓето и животните преку убод од заразен комарец.

Предизвикувач е вирусот на Западен Нил, кој првпат бил изолиран и идентификуван во 1937 година во областа Западен Нил во Уганда. Подоцна се проширил од Африка кон Блискиот Исток, делови од Азија и Австралија, како и во Централна и Источна Европа и Медитеранот.

Освен луѓето, со вирусот можат да се заразат и птици, комарци, коњи и други цицачи.

Би можело да ве интересира

Бошњаците во австриски град сакаат да изградат џамија и културен центар, десницата се противи

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Фрлен Молотов коктел врз канцеларијата на Еди Рама, испукани гумени куршуми

Предраг Петровиќ

Н1 одби да го прими Вучиќ во предизборна програма, жестоки реакции и обвинувања за цензура

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ескалација во Албанија: Демонстрантите запалија министерство и полициска станица во Тирана