Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиското оружје Ахмет Јузјумџу повикаа осум земји неодложно да се приклучат кон Конвенцијата за забрана на хемиското оружје.
Во заедничката изјава се истакнува дека континуираното зголемување на државите кои го ратификувале тој меѓународен договор „сведочи дека забраната на разработувањето, производството, чувањето и употребата на хемиското оружје се претвора во универзална норма“.
Во врска со тоа тие ги повикуваат Ангола, Египет, Израел, Мјанмар, Северна Кореја, Сирија, Сомалија и Јужен Судан да се придружат кон договорот, што стапи во сила пред 15 години.