Глобалната иницијатива Отворено владино партнерство дава многу можности за соработка помеѓу државните институции и граѓанските огранизации. Поголема транспареност на податоците, еден од приоритетите на иницијативата, може да се обезбеди со политичка волја од властите, но и барање од граѓаните за остварување на правата.
Тоа се дел од пораките изнесени на денешниот форум „Пет години Отворено владино партнерство: за ЕУ интеграции, одржлив развој и луѓето?“, во органзиација на Центарот за истражување и креирање политики.
За спроведувањето на приоритетите од иницијативата, чиј координатор е Министерството за информатичко општество и администрација, веќе е подготвен третиот Акциски план. Дел од 495-те вклучени претставници во подготовката беа и 53 невладини организации со кои заедно се испланирани 100 достигнувања и 34 заложби во осум приоритетни области.
– МИОА дава силна поддршка на владините институции во пресретнување на високите стандарди за исполнување на приоритетите на Отвореното владино партнерство. Владините институциите и граѓанските организации работат на утврдените прироритети за партиципативно креирање политики, отворени податоци, слободен пристап до информации, спречување корупција и добро владење, фискална транспарентност, отвореност на локално ниво, јавни услуги и климатски промени, информира заменик министерот за информатичко општество и администрација Тимчо Муцунски.
Марија Ристовска, директор на Центарот за истражување и креирање политики, потенцира дека станува збор за прва иницијатива со толкав обем во која соработуваат партнерски Владата и граѓанското општество за реформи во областа добро владеење.
– Многу сме среќни што оваа година успеавме да придонесеме заедно со Канцеларијата на УНДП националниот акциски план за отворено владино партенрство да го усогласиме со целите за одржлив развој кој што е уште една глобална агенда пред која е исправена Република Македонија, а има цел да ги подобри квалитетот на живот на граѓаните, изјави Ристовска.
Според постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон, покрај силните заложби и убави мерки во Отвореното владино партнерство, важна е и примената што треба да ја следи граѓанскиот сектор.
Важно е, наведе Винтон, што постои напредок и заложба од страна на властите, но исто така и граѓаните имаат одговорност да си ги бараат своите права. Рецептот е политичка волја од една страна, а од другата страна барање и заложби за добивање на информаците.
Како што потенцира Винтон, целта 16 од Одржливите цели за развој повикува на транспарентни, отчетни и инклузивни институциии и добро владеење.
– Забалежан е одреден напредок во активностите за Отворено владино партнерство, но се уште има да се работи многу и предизвици и согласност дека постојат и од страна на Владата и од граѓанското општество. Одредени наоди на процесот зборуваат дека се уште постои тенденција за тајност на информациите, во таа смисла и граѓанското општество се залага за поголема транспарентност и пристап до информации на граѓаните во рамки на Отвореното владино партнерство, изјави Винтон.