Броците на ИД убиле 40 поранешни членови на ирачките сили за безбедност во близина на градот Мосул и ги фрлиле нивните тела во реката Тигар, изјави денеска претставникот на УНХЦР, Равина Шамдасани.
– Поранешните ирачки војници, кои се убиени во саботата, се наоѓале меѓу цивиле кои претходно биле киднапирани во Мосул, истакна Шамдасани, спред која може да има уште многумина убиени.
Таа посочи дека информациите се добиени од сведоци.
Како што наведе Шамдасани, екстремисттие од ИД исто така се обиделе да превезат околу 25.000 мирни жители од градот Хамам ал Алил, кој се наоѓа јужно од Мосул, со десетици камиони и минибуси во текот на ноќта во понеделникот, веројатно за да ги искористат како човекови штитови при одбраната на нивните позиции.
Повеќето камиони, кои тргнале кон Тал Афар, се вратиле под присила на военовоздушните патроли, но неколку автобуси успеале да стигнат до Абу Саиф, кој се наоѓа на 15 километри северно од Хамам ал Алил.
– Сериозно сме загрижени за нив и за уште десетици илјади цивили, за кои имаме информација дека се насилно преселени од страна на ИД во текот на последните две недели, нагласи Шамдасани.
Како што наведе претставникот на УНХЦР, борците на ИД ги пренесуваат луѓето се поблиску до Мосул и ги распоредуваат на нивните објекти, кои можат да претставуваат воени цели.
– Тоа изгледа го потврдува тврдењето, дека џихадистите планираат да ги искористат тие луѓе како човекови штитови и како гаранција, дека регионот е густо населен со цивили, со цел да се спречат воени операции против нив, објасни таа.
Споре неа, иако има „искушенија за одмазда“ врз заробените борци на ИД, ОН не документирала слични злоупотреби од страна на ирачките сили.
Таа го поздрави ветувањето на ирачката Влада за заштита на мирните жители во сржта на нивната стратегија.
Шамдаси наведе дека нема информации за коалициони воздушни удари, при кои загинале цивили, вклучително и лица, користени како човекови штитови.
Таа исто така изјави, дека сите завојувани страни во сирискиот град Алепо можеби вршат воени злосторства, бидејќи неселективно напаѓаат реони населени со мирни жители.
– Сите страни во Алепо извршуваат воени дејствија, кои земаат голем број на цивилни жртви и поттикнуваат страв кај оние кои се уште живеат таму, истакна претставничката.
Според податоците на ОН, во Алепо за време на викендот загинале над 30 цивили, вклучително и 10 деца.