Генералниот секретар на Органзиацијата за исламска соработка Саудиецот Ијад Мадани поднесе оставка поради , како што наведува – здравствени причини.
Голем број аналитичари сметаат дека оставката е поради неодамнешна негова шега на адреса на претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси што предизвика негодување во таа и други арапски држави.
На прес конференција во Тунис минатата недела Мадани го згреши името на тунискиот претседател Беџи Каид Асебси нарекувајќи го „Ал Сиси“.
Тој му се извини, и обидувајќи се направи шега рече: – Се надевам дека во вашиот ладилник не ставате само вода, господине претседател. Мадани се извини за забелешката, но Египет соопшти дека ќе го преиспта односот кон секретаријатот на организацијата.