По три децении минати на местото „прв човек„ на италијанскиот фудбалски клуб Милан, легендарниот Адријано Галијани, е подготвен да го напушти тимот од Милано, доколку новите сопственици решат да го сменат од функцијата генерален директор.
Во јануари Милан и официјално треба да мине во соптвеност на кинески конзорциум, кој на позицијата почесен претседател ќе го остави досегашниот сопственик Силвио Берлускони, но најави дека на местото генерален директор, функција на која три децени е Адријано Галијани, ќе има ново име.
„Не сум подготвен да останам во Милан доколку не останам на позицијата генерален директор. Никој се уште не ме контактирал околу ова прашање, но по 30 години во клубот, не би прифатил поинаква улога од онаа која ја имам во моментов“, изјавил Галијани.
Според најавите на италијанските медиуми, нов генерален директор на Милан треба да биде некогашниот функционер на Интер, Марко Фасоне.