Груевски: Народот ќе одлучи меѓу оние кои даваат лажни ветувања и оние кои имаат програма

Од:

На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања и оние кои имаат програма и принципи до кои се држат, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На денешната прес-конференција на која најави набавка на нова медицинска опрема вредна околу 33 милиони евра, Груевски рече дека имаат програма и принципи до кои се држат.

– Граѓаните знаат дека ние нашиот збор го остваруваме и дека може да ни веруваат. Заедно ќе направиме многу повеќе. Нашата борба за напредок во секое поле продолжува. На овие избори граѓаните ќе одлучуваат помеѓу оние кои даваат лажни и нереални ветувања, кои шират манипулации, деструкција и секој ден се натпреваруваат во тоа која поголема лага и невистина ќе ја објават, и нам кому граѓаните може да ни веруваат, кои имаме програма, цел и принципи до кои се држиме, рече Груевски.

Според него, и она што е остварено во изминатите години е гаранција дека ќе остваруваат многу повеќе. – Затоа нашата визија е патот за напредок. Заедничкиот пат за нашата Македонија, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски