Министерството за финансии го објави државниот и јавниот долг

Од:

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг кои изнесуваат 41,9 отсто и 50,6 проценти за третиот квартал од 2016 година.

Како што велат од Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и јавниот долг во однос на вториот квартал се должи на издавањето на еврообврзницата во јули 2016 година, која е наменета за покривање на буџетскиот дефицит во 2016 и 2017 година. Со еврообврзницата ќе се покријат повеќе обврски кои доспеваат во текот на оваа и наредната година, како отплата на 130 милиони евра која ќе се изврши во ноември по основ на доспеан кредит.

Согласно податоците на Еуростат, Македонија со новата состојба на државниот долг останува меѓу најмалку задолжените земји во Европа, а државниот долг е двојно помал од просечниот долг на земјите членки на ЕУ кој изнесува 85 проценти од БДП.

Македонија е и меѓу најмалку задолжените земји во регионот, согласно европската статистика. Само Бугарија има понизок државен долг од Македонија со 29,4 отсто. Повеќе задолжени  се Црна Гора со 61,8 отсто, Албанија со 69,8 отсто, Србија 71,9 отсто, Словенија 82,3 отсто, Хрватска 84,5 отсто и Грција 179,2 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација