Војната против пиратеријата се заострува и еден од најпопуларните и илегални стриминг сајтови моментално е „офлајн“.
Станува збор за интернет страната Putlocker, која важи за една од 250 најпосетувани сајтови во светот. Страната е недостапна од пред неколку недели.
Тие кои се обидуваат да дојдат до неа добиваат порака за грешка, што сугерира дека има проблем со серверите.
Но, сега е објавено дека сајтот е „офлајн” и дека посетителите благодарение на технологијата Always Online можат да сурфаат со снапшот на сајтот.