Во фудбалското првенство на Италија попладнево се одиграа пет натпревари од 11. коло на Серија А.
Екипата на Милан пред своите симтаизери минимално ја победи Пескара со 1-0. Предноста на домашен терен ја искористи и Лацио кој го совлада Сасуоло со 2-1, како и Аталанта која со 3-0 беше подобра од Џенова, односно Кротоне кој во дуелот со Киево славеше со 2-0.
Единствено екипата на Емполи не успеа да победи во дуелот со Рома кој заврши без голови 0-0.
Вечерва ќе играат Сампдорија – Интер, додека вчера Болоња загуби од Фиорентина со 0-1, а Јувентус го доби дербито против Наполи со 2-1.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелите, Удинезе – Торино и Каљари – Палермо.
Табела: Јувентус 27 бод, Рома 23, Милан 22, Лацио 21, Наполи 20, Аталанта 19, Фиорентина 16…