МЗТ Скопје гостува кај Мега Лекс во дуел од АБА члигата

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го игра седмиот натпревар во регионалната кошаркарска АБА лига.

Аеродромци кои на изминатите шест натпревари во АБА остварија само една победа (над Карпош Соколи), гостуваат во во Сремска Митровица кај екипата на Мега Лекс која има идентичен скор како и МЗТ Скопје.

Овој натпревар кој е во рамките од 7.коло ќе започне од 19 часот, додека два часа претходно ќе стартува средбата меѓу Игокеа – Цедевита.

На натпреварите кои веќе се одиграа беа постигнати овие резултати: Крка – Задар 80-79, Цибона – ФМП 87-68 и Партизан – Будуќност 61-68.

Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите, Морнар – Партизан (од 18 часот) и Карпош Соколи – Олимпија Љубљана (21 часот).

Табела: Будуќност 6-1 (победи-порази), Цибона 6-1, Партизан 6-1, Црвена звезда 6-0, Задар 3-4, Цедевита 3-3, Игокеа 3-3, ФМП 2-5, Крка 3-3, Морнар 2-4, Мега Лекс 1-5, МЗТ Скопје Аеродром 1-5, Унион Олимпија 1-4 и Карпош Соколи 0-6.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска