Јајоска: Гласот на младите е глас за спас на Македонија!

Од:

„Многумина ќе речат “иднината останува на младите”, јас сум убедена дека и сегашноста нас ни припаѓа. Да бидеме активни денес, за да имаме подобро утре!

Во изминатиов период младите како никогаш досега покажаа дека заслужуваат поголеми шанси, во секој дел од општествено – политичките процеси.

Ние, од Социјалдемократската младина на Македонија подготвени сме да се носиме со предизвикот – младите да живеат подобро, да останат во Република Македонија.

Нашиот глас се слуша и во рамки на партијата, но сите се уверија дека сме значаен чинител и во секојдневието – гласно говорејќи за проблемите на младите и решенијата за истите.

Директно сме вклучени во креирањето на политиките на СДСМ. Токму СДММ го подготви најголемиот дел од Програмата за млади. Разговаравме со младите низ сите градови и населени места, се консултиравме со младинските организации, со сестринските подмладоци и алијанси (YES, IUSY, PES).

Застапени сме и во повисоките органи на СДСМ, особено во Конгресот, Централниот и Извршниот одбор.

За да креираме политики и да одлучуваме треба постојано да контактираме со младите, независно од нивната социјална, етничка, религиска, сексуална или партиска припадност.

На почетокот на студентската година направивме анализа, истражување, преку која ги консултиравме студентите за нивните трошоци. Потоа произлезе и една од мерките – студентите да заработуваат додека се на студии (part time job).

Преку овој пример сакам да нагласам дека мора да негуваме процес на двонасочна комуникација, само така може да говориме за вистинско креирање на квалитетни политики а не стиропор мерки.

Исто така, ние политичките подмладоци мора да бидеме пример дека дебатата во Македонија се враќа. Затоа, почитувани млади од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, најдобронамерно, дебатата не е вирус туку придобивка на демократијата – нема потреба од бегање и страв.

Задоволство ми е да го истакнам фактот дека и во последниов собраниски состав младите имаа свој претставник во Собранието на РМ. Стефан Богоев потврди дека собраниската говорница не смее да служи за “празна” политика и демагогија, туку за нудење на решенија за проблемите на младите, како што е укинувањето на екстерното тестирање, реконструирање на студентските домови, намалување на младинската невработеност и сл.

Целта е да продолжиме уште похрабро и да бидеме повеќе застапени и во Собранието, извршната власт, локалните совети.

Ќе има поголем број на млади од СДММ на кандидатските листи за пратеници.

Ја оправдавме довербата дека младите можат, знаат и заслужуваат повеќе!

Ги повикувам и претставниците на сите политички подмладоци и организации уште повеќе да се борат.

Секоја фер борба, која нуди нешто подобро и нешто ново – е ВИСТИНСКА БОРБА!

На крајот, сакам да споделам дека често пати и мене и на моите другари од младината, знаат да ни искоментираат: “аа вие сте тие со студентските домови, младинската невработеност”.

Да, ние сме тие кои алармираме и чест ни е што сме препознатливи по младинските проблеми и креирање на политики за млади.

Но, уште посреќна ќе бидам после 11-ти декември, кога тоа што сме го збореле ќе почнеме да го решаваме – заедно со сите млади, без поделби и калкулации.

На Македонија и се потребни позитивни промени. Гласот на младите е глас за спас на Македонија“, изјави Рената Јајоска, членка на Извршниот одбор на СДММ на дебатата: “Млади во изборниот процес”, во организација на Охрид Институт.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски