Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со можност за слаби локални врнежи од дожд.
Во текот на ноќта се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува засилен југоисточен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 16 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 12 степени.