Стипендии за 26 студенти од Општина Кочани

Од:

Дваесет и шестмина жители на Кочани, редовни студенти на државните универзитети во Република Македонија ќе бидат корисници на стипендија на Општина Кочани за студиската 2016/17 година.

Според претседателката на Комисијата за доделување стипендии, Ана Кралева, годинава интересот бил голем и во предвидениот рок биле поднесени 39 пријави, од кои 9 биле неприфатливи. Со Одлука на градоначалникот, а според Правилникот за доделување стипендии, од ранг-листата од 30 кандидати, стипендии ќе добијат 26 студенти.

– Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бода, материјалниот статус до 20 бода, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа и децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија. Студентите од градежен, архитектонски, геодетски и технолошки факултет  имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни, изјави Кралева.

Стипендистите на Општина Кочани ќе добиваат по 2.500 денари во текот на девет месеци од тековната студиската година.

Првпат Општина Кочани додели стипендии во 2009/10 година, а со годинашниве се доделени вкупно 197 стипендии.

Би можело да ве интересира

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност