Министерката за култура на распит во Кривичниот суд

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и првоосомничена во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“ пристигна на распит во Кривичниот суд. Таа влегле од задниот влез на судот каде претходно пристигна обинителката Фатиме Фетаи.

СЈО од судот бара на министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска осомничена во случајот „Тендери“ како мерка на претпазливост да и биде одземен пасошот и да се пријавува во судот еднаш неделно, поради постоење околности кои упатуваат на опасност од бегство.

Во „Тендери“ освен Канческа-Милевска осомничени се уште три лица од Министерството за култура.

СЈО ја сомничи министерката дека уште пред да распише тендер, на 20 јуни, 2011 на бившиот директор на компанијата, сведок во СЈО, му рекла да не чека и да почне да гради со оглед дека условите за тендерот министерството ќе ги намести за најповолен понудувач да биде „Бетон Штип“.
Канческа-Милевска ги отфрли тврдењата на СЈО на прес конференција, на која ја прикажуваше целата документација како доказ дека немало никакви градежни активности пред да биде добиен тендерот.

Би можело да ве интересира

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Незаборавна Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

„Коулун, заградениот град“ од Јана Узунова, книга бр. 250 во едицијата ПРОаЗА на Или-Или

Променета локација на концерт на Скопско лето

„Со книга на плажа“ во полн ек: „Матица“ ги објави „Ослободи ме“ и „Пронајди ме и Отворената врата“ од Лорелин Пејџ

ТМУР со концертна промоција на деби албумот „Пустохија“ во КОТУР