Италијански кардиохирурзи: Во Македонија кардиохирургијата се движи во вистинска насока

Од:

За секоја држава е многу важно да има јавна кардиохирургија бидејќи јавното здравство е отворено и достапно за секого и во секое време, а и некои од најсложените зафати како итни случаи најчесто се прават во јавното здравство, изјави Антонио Мариа Калафиоре, италијански кардиохирург, кој денеска и утре престојува во Македонија за да одржи предавања на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Според него, неопходно е да се создаде јавен оддел кој ќе биде добро опремен, ефективен и опслужуван.

– Најважно е тоа да се направи преку наоѓање луѓе од земјата кои што работат, а ние ќе помогнеме со опрема и неопходната техничка помош, изјави Калафиоре, кој е еден од основоположниците на европската и светската кардиохирургија и по чии методи се работат неколку минимално инвазивни техники на срцето.

Тој смета дека во Македонија работите во кардиохирургијата се прават на вистински начин и оти иницијативата за вакви предавања е добра бидејќи се разменуваат искуства меѓу кардиохирурзите.

Неговиот колега кардиохирургот од познатиот Римски универзитет „Ла Сапиенца“, Антонино Маруло, кој исто така ќе одржи предавања во Скопје, смета дека е најдобро е да се направи микс од клиничка и универзитетска програма, како што е случајот во Македонија бидејќи Универзитетот мора да биде насочен кон иновации и многу тешки случаи, а не само на рутински зафати и стандардни секојдневни операции.

– На овој начин тие прават добар напор, а новиот оддел е многу добро опремен. Во иднина можеби ќе треба да се зголеми бројот на легла и помагала, бидејќи сигурен сум дека одделот ќе го привлече вниманието на пациентите, истакна Маруло.

Кардиохирургот Сашко Јовев од Државната кардиохирургија во Скопје оцени дека мошне добро се развиваат и оти работат цел спектар на кардиохируршки операции.

– До денес имаме 446 операции од кои повеќето од 350 се кардиохируршки кои се со одлични резултати. Минимално инвазивно вршиме замена на аортната вавула, а во блиска иднина се подготвуваме на минимален инвазивен пристап кон реконструкција на залистот кој се наоѓа меѓу левата преткомора и комора, истакна доктор Јовев.

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада