Можеби има симболика „Бог“ во презимето, но не поистоветувам со Севишниот. Верски е погрешно. Морници од вчерашното интервју.
Не дека некој е наивен, но ужасно е кога се` што било заткулисно ќе излезе на површина како егзактна вистина. Нормалниот човек се теши со помислата: „Не е до толку, де!“
Вчерашното интервју треба да се вика БУДЕЊЕ.
„Еве Ти очи, слепецу“ – гласи познатата поговорка. Ќе ја биде оваа земја, ќе не’ биде… Благодарам, мал- голем Господине. Извинете за оксиморонов. Браво за смиреноста и достојноста. Да зборуваш шеесет минути за историјата на една земја, еден на еден и да не си логороичен?! Каков само професионализам е тоа?
Проговоривте и за тоа колку нештата ја валкаат душата. Така е. Нема ништо нормално во бездушноста. Сам сте шетале… каква само слобода на духот. Кое препуштање, не само храброст. Мафијата е “подземје”. Во Македонија стана “надземје”.
Членството на ДПМНЕ е на потег. Помогнете во казната, за да не бидете “патологија”.
Каде сте Мирка, Миленко, Латас и уште една орда тврдокорни “патриоти”? Каде сте чувари на името? Каде сте сите вие кои ни украдовте дни, сни, надеж, животи,… заради клиентелизам.
Каде сте телевизии кои со години перевте смрдлив веш со помпезни наслови? Каде сите оние заради кои се чувствуваме како предавници од масовната хистерија што ја ширевте? Каде сте, никогаш веќе да не бидете! И да, дојдете во маало кај мене на една баба да и’ кажете дека не земаме пари за напишаново. Кажете и’, додека внуците и’ ги испративте во Куманово, во општина Центар, во Недојдија. Нека, за пет проценти пензија, можеби и тоа ќе Ви го прости…
Дејан Блажески