Спасов: На 11. декември ќе славиме една голема победа

Од:

На 11 декември граѓаните на Република Македонија победата ќе ја донесат за ВМРО-ДПМНЕ и ќе славиме една голема победа со над 63 освоени пратеници. Граѓаните ги препознаваат нашите дела и ги знаат стотиците реализирани проекти кои изминатите 10 години влијаеја значително да се подобри квалитетот на нивниот живот во секој сегмент.

Ова денеска го истакна претставникот од ВМРО-ДПМНЕ Диме Спасов, кој оствари средба со жителите на Драчево, општина Кисела Вода.

– Граѓаните знаат дека макотрпно се боревме за да ја намалиме невработеноста во нашата држава и да отвориме голем број на работни места. За споредба, ако земеме само во Град Скопје во 2006 година имаше околу 170.000 вработени лица, додека денес бројот на вработени изнесува над 238.000 граѓани, жители на Скопје што е нови 68.000 отворени работни места само на територијата на Град Скопје, рече Спасов.

Ова, како што рече, е еден показател од многуте кој ги докажува позитивните резултати на политиките за креирање нови работни места изминатите години. Потенцира дека тоа е број на отворени нови работни места или над 39 проценти само во нашиот главен град.

– Од друга страна, граѓаните многу добро ги препознаваат лагите на СДСМ. Знаат дека тие се спремни и сешто да ветат само за да се дограбат до власт и да ги реализираат нивните планови за разнебитување на нашата држава. СДСМ нема кредибилитет да ветува, нагласи Спасов.

Тој потсети дека граѓаните многу добро ги паметат лажните ветувања на СДСМ дека ќе отворат ново работно место во секое семејство што, како што рече, апсолутно не беше реализирано.

– Граѓаните ги паметат затворените стотици фабрики, над 200.000 семејства кои останаа без работа и највисокиот процент на невработеност во нашата држава во 2005 година на околу 38 проценти од населението, кое е работоспособно, потенцира Спасов.

За разлика од тоа, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да ги реализира проектите и програмата за подобрување на животот на секој граѓанин во нашата држава.

– Ќе продолжиме да отвораме нови работни места и да работиме на позитивни проекти во секој сегмент од животот на граѓаните. Токму поради тоа на 11 декември ќе славиме една голема победа за сигурна иднина на Република Македонија, рече Спасов.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава