ЕУ ги повика сириските власти да го продолжат прекинот на огнот во Алепо

Од:

ЕУ ги повикаува сириските власти и нивните сојузници да ја продолжат „хуманитарната пауза“ во Алепо, посочија високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и европскиот комесар за хуманитарна помош Христос Стилијанидис.

– Ги повикуваме сириските власти и нивните сојузници да продолжат со „хуманитарната пауза“ во Алепо и да дозволат пристап на здружениот организациски конвој, како што беше предвидено во октомврискиот план на ОН за пружање на помош, се вели во заедничката изјава на Могерини и Стилијанидис.

Како што јави ТАСС, тие уште додаваат и дека земјите треба да покажат трајна ангажираност со спроведувањето на хуманитарна операција за помош на сириското население и за обезбедување непречен пристап и достапност до теренот за хуманитарните конвои.

– Сите страни во конфликтот треба да прекинат со стрелбите во урбаните делови и реоните околу болниците на Алепо. Намерните напади кон обични граѓани, вклучително и хуманитарни и медицински работници, како и цивилни и медицински објекти се експлицитно кршење на меѓународното право и, сами по себе, можно е да претставуваат воени злосторства. Не постои воено решение за сириската граѓанска војна, нагласуваат Могерини и Стилијанидис.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски

Повеќе од 52.000 украински војници поминале обука како дел од помошта на ЕУ за Украина

Сиљановска-Маковец: Проширувањето на ЕУ не смее да трпи поради билатерални прашања

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна