Клапер: Не е исклучена можноста Русија да собори американски авион во Сирија

Од:

Не е исклучена можноста Русија да собори американски авион, доколку над Сирија биде воведена зона забранета за летови, изјави директорот на Националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер.

– Не ја исклучувам можноста да соборат американски авион, доколку проценат дека тој претставува закана за нивните копнени сили, рече Клапер во интервју за Си-Би-Ес.

Тој додаде дека Русија распоредила мошне модерен и ефикасен систем за противвоздушна одбрана во Сирија. Според него, Сирија тоа не би го сторила, доколку нема корист од него.

Владата на Обама се воздржа од воспоставување зона забранета за летови и на безбедносна зона за цивилното население, во одредена мера поради тешкотиите за нејзино воведување и обезбедување, како и поради можноста од директен воен судир меѓу САД и Русија.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски