Фудбалерите на Џенова остварија победа од 3:0 над Милан во првиот натпревар од 10.коло од Серија А одигран синоќа.
Стрелци на головите за Џенова беа: Никола Нинковиќ во 11.минута, Јурај Кучка (автогол) во 80.минута и Леонардо Паволети во 86.минута.
Осум натпревари од ова коло се играат вечерва, а двојките се: Киево – Болоња, Фиорентина – Кротоне, Интер – Торино, Јувентус – Сампдприја, Лацио – Каљари, Наполи – Емполи, Пескара – Аталанта и Сасуоло – Рома.
Последниот дуел од оваа рунда се игра во четврток меѓу Палермо и Удинезе.
Табела: Јуветус 21 бод, Рома 19, Милан 19, Наполи 17, Торино 15, Лацио 15, Џенова 15,…