Министерски состанок на антиџихадистичката коалиција во Париз

Од:

Министрите за одбрана на земјите членки на меѓународната антиџихадистичка коалиција попладнево одржуваат средба во Париз, на која се очекува да биде направана анализа на напредокот во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Ирак и Сирија.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дриан оцени дека ќе треба да се води сметка за реакциите на џихадистите по стартот на офанзивата во Мосул, при што нагласи дека Франција особено инсистира на потребата за итно продолжување на акциите против ИД во сирискиот град Рака, каде има и голем број француски џихадисти.

Франција и Белгија иниситираат на нападите врз Рака, нагласувајќи го фактот дека од овој град биле планирани терористичките напади во овие две земји.

За операциите во Рака, според Париз, потребно е да се дефинираат модалитетите за поддршка на локалните сили и да се урврди кој ќе биде придонесот на секој од сојузниците. Но, за разлика од Мосул, каде западната коалиција ја има поддршката од локалните сили, во Рака ситуацијата е многу поинаква.

Извори од француското Министертсво за одбрана оденуваат дека со приближувањето на коалициските сили кон Мосул, борците на или „ќе се впуштат во борба до смрт за да им нанесат максимални загуби на ирачките сили и курските борци Пешмерг или пак ќе побегнат и ќе се поделат“.

– Мора да се ограничи ризикот од масивни бегства на исламистите од Мосул кон Рака, наведуваат истите извори, додавајќи дека неколку стотици борци од Сирија веќе се упатиле кон Мосул за да и помогнат на ИД.

Истите извори наведуваат дека постои ризик и од засилување на ИД во Либија, па дури и за нејзино зголемено влијание врз Боко Харам во Африка.

Франција стравува дека во вакви услови борците на ИД кои потекнуваат од Европа, би можеле да се најдат во искушение да се вратат во своите земји.

– По Мосул, ние мора да се подготвиме за ослободување на Рака, треба да се делува брзо со цел Исламската држава да не може да се реорганизира на намелената сириска територија под нејзина контрола, па затоа изолирањето на градот мора да оди забрзано. Денес, таму нема доволно мобилизирани сили за повторно заземање на градот. Во Рака има три до четири илјади џихадистички борци, велат изворите од француското Министерство за одбрана.

Пред почетокот на Конференцијата, на чиј почеток на учесниците ќе им се обрати претседателот на Франција, Франсоа Оланд, францускиот министер Дриан имаше средба со американскиот секретар за одбрана Ештон Картер.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот