Никола Старџен: Нема блефирање со организирање втор референдум во Шкотска

Од:

Шкотскиот прв министер Никола Старџен изјави дека таа не блефира, кога зборува за организирање втор референдум за независност, доколку владата во Лондон не ги респектира гласовите и определбата на Шкотланѓаните кои се изјаснија против Брегзит.

Старџен објасни дека таквото предупредување и го соопштила на британскиот премиер Тереза Меј, за време на нивната последна средба во Даунинг стрит 10.

На средбата во седиштето на британската влада биле и првиот министер на Велс, Карвин Џонс, како и првиот министер на Северна Ирска , Ариен Филипс и нејзиниот заменик Мартин Мекгинис.

На заедничката средба, прва по две години, се расправало за подготовките за започнувањето на преговорите за напуштње на ЕУ.

Лондонските медиуми откриваат дека Меј рекла оти „не е подготвена да ја види Шкотска надвор од Британија“, доколку има „тврдо“ излегување од ЕУ, додека првите министри на владите од трите дела на Обединетото кралство, барале да бидат целосно консултирани околу преговорите со Брисел за Брегзит.

Владите во Единбург и Кардиф уште бараат британскиот Парламент да гласа за позицијата што ќе ја определи владата за преговорите за Брегзит.

Во соопштението на Даунинг стрит 10 не се дваат пошироки детали од разговорите, освен што се вели дека „сега е најважно да не се поткопува позицијата на Британија за претстојните преговори“.

Шкотскиот прв министер Старџен, меѓутоа, инсистира на вклученост на Шкотска (и на другите) во се она што го прави владата во Лондон околу Брегзит.

– Ако за преговорите со Брисел, ни ја треснат вратата, пред нос, Шкотска ќе се определи за една поинаква опција, порача Никола Старџен.

Медиумите тврдат дека Тереза Меј инсистирала за обезбедување единствена и заедничка позиција на Велика Британија во идните преговори, па предложила одржување на еден посебен форум на министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис со првите министри на Шкотска, Велс и Северна Ирска.

Старџен и Џонс, пак, бараат од Лондон да не го покрене членот 50 од Лисабонската спогодба, за раздружување додека британската влада не постигне согласност со трите делови на земјата, за основите врз кои ќе се преговара.

Би можело да ве интересира

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

ВИДЕО: 77 китови се насукаа и угинаа на брегот на Шкотска

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски