Сончево со умерена облачност

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во одделни котлини и речни долини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Преку денот се очекува да се намалува облачноста. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а во попладневните часови ќе има подолги сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд и зголемување на облачноста. Во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот од југоисточен кон северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за седум до 10 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, нешто пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките места и на планините во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он