Граничниот премин „Богородица“ попладнево повторно е отворен за сообраќај, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Преминот денеска од 11 часот беше затворен за сообраќај за сите видови возила поради штрајк на грчките цариници.
На останатите гранични премини кон Грција, како што информира АМСМ, сообраќајот се одвива непречено.