Лекарите бараат прием кај државниот врв

Од:

И денеска на 12-от ден од штрајкот, лекарите се невидливи за министерот за здравство, Никола Тодоров.

Самостојниот синдикат на Клинички и на другите здравствени установи поради молкот на Тодоров, ќе бараат средба со државниот врв.

Проблемот , кон крајот на неделава сакаат да му го изложат на претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски,  и првиот парламентарец Трајко Вељаноски.

Иванов, Груевски и Вељаноски ќе добијат  т и соодветни подароци од лекарите.

Утре е 13-ти ден, но и празник и нема да се излегува.

„Продолжуваме со штрајкот, но и денеска сме изгледа невидливи. Штрајкот тече по предвидениот тек, но се игнорира и понатаму“,  изјави Дејан Ставриќ, преседател на  синдикатот.

Незадоволните граѓани,  Ставриќ ги упати на адреса на Министерството за здравство затоа што, вели министерот ја презема одговорноста со својот игнорантски однос.

Лекарите бараат да се преговара со нив, бидејќи тие се репрезентативниот Синдикат, не се согласуваат со проектот-плата по учинок, како што сака да го спроведе министерството, и бараат зголемување на платите.

Освен на  Клинички центар, се штрајкува и во други клинички и општи  болници во Македонија, а се приклучуваат и медицинск сестри .

Од Синдикатот најавуваат и масовен штрајк, за кој се надеваат дека ќе биде видлив за надлежните.

 

 

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор