Ериксон: Не сме сопственици на опремата, СЈО побара техничка асистенција

Од:

Компанијата „Ериксон“ денеска излезе со официјално соопштение во кое наведува дека не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за законско пресретнување на комуникациите.

„Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. „Ериксон“, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на системи за законско пресретнување“, пишува во денешното соопштението на компанијата.

„Ериксон“ информира дека на 19 октомври добила барање од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на законското пресретнување на комуникации и додаде дека понатамошни информации треба да се бараат од СЈО.  

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов