СЈО и денеска во УБК

Од:

Службените лица на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како што најави обвинителката Ленче Ристовска, денеска повторно треба да се вратат во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) за да ја продолжат со истрагата.

Се очекува во УБК да пристигне и претставник од централата на компанијата „Ериксон“, кој треба да помогне во доаѓањето до системот и извлекувањето на преостанатите материјали што СЈО треба да ги земе согласно судската наредба. Како што најави обвинителката Катица Јанева, експертот треба да го обезбеди УБК, а засега нема потврда дали тоа ќе се случи во текот на денешниот ден.

Од СЈО во петокот попладнето соопштија дека подигнале дел од бараните податоци од УБК.

„Одземени се сите наредби за Посебни истражни мерки (ПИМ) за следење на комуникациите и книгите за евиденција, како и бараните компјутерски податоци од системот за следење на комуникација. Останува да се изврши дополнително одземање на компјутерските податоци за кои е потребна асистенција од надворешен експерт и очекуваме во наредниот период да се изврши и тој дел од наредбите“, информираа од СЈО.

Ноќта во петокот еден од истражителите на СЈО беше приведен во полициската станица „Беко“ по налог на обвинителот Марко Зврлевски, по пројава од обезбедување додека ја фотографирал куќата во која според неофицијалните информации живее порпанешниот директор на УБК; Сашо Мијалков, по што обвинителката Јанева замина во полициската станица, од каде беше по кусо време пуштен и истражителот.

Истовремено друг истражител на СЈО беше отстранет од просториите на УБК без образложение, во обид да влезе во Управата на капијата на Министерството за внатрешни работи влезот не ѝ беше дозволен ниту на Јанева. Јанева влезе во МВР по претходна телефонска ургенција, а обвинителката Ленче Ристоска изјави дека се надева дека целата работа била недоразбирање со УБК.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави на прес-конференција дека истражителот на СЈО бил приведен по налог на Јавното обвинителството под нејасни околности, а обвинителите на СЈО ја напуштија управата ноќта кон саботата кога од министерот Спасовски добија уверување дека тој ќе ја обезбеди опремата и дека ништо нема да недостига од материјалите за прислушување.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов