Џозеф Мареј, хирург кој ја изведе првата успешна трансплантација на бубрег и добитник на Нобелова награда за својата работа во медицината, почина вчера во Бостон на 93-годишна возраст.
Мареј почина откако минатата недела доживеа мозочен удар, изјави портпаролот на болницата во Бостон.
Доктор Џозеф Мареј и неговиот тим во 1954 година успешно извршија трансплатација на бубрег со што отворија ново поглавје во модерната медицина, соопшти болницата Биргам.
– Светот е подобро место благодарение на доктор Мареј. Неговото наследство засекогаш ќе остане во нашите срца и со секој пациент што го добил дарот на животот благодарение на трансплатацијата, изјави директорот на болницата Елизабет Набел.
Подоцна во текот на својата кариера Мареј работел на изнаоѓање начини за контролирање на имунилошкиот систем на пациентите со цел да се спречи да го отфрли туѓото тело, за што во 1990 година доби Нобелова награда за медицина.