Јавната обвинителка Катица Јанева по кратката посета на полициската станица Беко изјави дека приведениот истражител го зема од станицата и дека е задржан без никаква основа.
Истражителот заминува со нас, за 15 минути ќе дојде командирот на станицата прашајте го зошто е приведен и задржан, и колку време го држи. Неосновано е задржан, ништо не ни беше доставено на увид. Инаку истражителот заминува во нашите простории, рече Јанева.
-Истражителот согласно нашите насоки беше на едно место каде што требаше да лоцира еден човек каде живее. Тоа е наша наредба и не треба судска наредба за тоа, по моја наредба беше испратен.
Јанева не сакаше да коментира дали бил следен одреден висок функционер.
Таа појасни дека не се работи за истиот истражител кој беше избркан од просториите во дворот на УБК.
– Другиот истражител стои на истото место во УБК. Два различни истраители се, другиот истражител стои во дворот на МВР, сега одиме таму. Тој има распоред вечерва за дежурство, и договор со УБК, рече Јанева.