(ВИДЕО) Приведен истражител на Катица Јанева

Од:

Истражителот на СЈО кој по заминувањето на обвинителите остана да дежура во УБК е избркан од Управата, а друг е приведен во полициската станица Беко каде пристигна специјалната обвинителка Катица Јанева.

– Го избркале истражителот од МВР. Во моментов уште е во дворот на МВР. Ќе одам да видам која е ситуацијата и што е тоа со неговото бркање. Ние сме должни да бидеме таму, рече Јанева во интервјуто на Телма, и додаде дека веднаш по интервјуто ќе оди да види што се случува.

Претходно, таа рече дека истражители ќе останат во Управата се додека СЈО не го добие и останатиот дел од податоците за прислушувањето, за кои се чека надворешен експерт.

Наместо во МВР Катица Јанева се упати во полициската станица Беко, каде втор истражител е приведен од страна на полицијата.

Јанева најави и дека ќе поднесе кривични пријави за сите што ја попречуваа нејзината работа при влезот во УБК.

– Сите опструкции се запишани и врз основа на доказите ќе покренеме соодветени постапки против овластените службените лица. Не се само тројца, многу повеќе се, рече Јанева.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов