Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашното насилство врз новинарот на ТВ Телма. Ваквите чинови, смета Агенццијата, се директен напад врз слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.
Агенцијата апелира да не се попречуваат новинарите и претставниците на медиумите во извршување на нивната професионална задача, која е од исклучителна важност во овие општествено-политички мигови, се вели во соопштението од ААВМУ.