СДСМ: Лаги во 3-д анимации на Груевски за Клинички во Скопје

Од:

„Обвинетиот Никола Груевски упорно лаже за нов Клинички центар во Скопје.

Еве линк до веста и тоа објавена на партискиот сајт на ВМРО-ДПМНЕ во јануари 2014 година, кога Груевски најави ПОЧЕТОК НА ИЗГРАДБА на Клиничкиот центар во Скопје, кога вети дека ќе биде изграден за три години (http://vmro-dpmne.org.mk/?p=20128)

2016 година истекува, а од Клиничкиот центар во Скопје се уште постојат само лагите во 3-д анимации на Никола Груевски.

Груевски денеска ја повтори неговата лага преку Фејсбук.

За овој неодговорен човек, доскорешен премиер, оваа лага е добра вест за граѓаните на Скопје и на Македонија. Тоа што граѓаните немаат нов Клинички центар и што две ипол години се мачат да поминуваат низ дупки каде што застана изградбата уште не почната.

Граѓаните се грижат за своето здравје и затоа на 11 декември ќе ги казнат Никола Груевски и неговите соработници за тендер политиките во здравството“, се вели во соопштението на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте