(ВИДЕО) СДСМ Битола: Општината не презема ништо за намалување на загадувањето

Од:

„Пред почетокот на грејната сезона општина Битола повторно е еден од најзагадените градови во Европа. Иако ваквата состојба се повторува со години и претставува сериозна закана за здравјето на битолчани, општината нема ниту план ниту волја да го реши проблемот со загадувањето.

Општина Битола е единствена општина во Македонија која нема ниту еколошка програма ниту еколошки катастар.

Но во 2016-та. во Општина Битола има 2040 лица кои се лечат од канцер и над 5000 нови иселени граѓани.

Наместо да превземе конкретни мерки за намалување на загадувањето, општината раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ дозволи процедура за отворање на каменолом кој претставува дополнителна закана за зголемување на загадувањето.

Нашата советничка група уште пред седум месеци побара конкретни одговори од општината на некоилку теми. Тогаш побаравме:

  • Да се запре постапката за отворањето на каменоломот во месноста Бил Бил камен, се додека јавноста не се информира за резултатите од истражувањата за последиците врз здравјето на граѓаните.
  • Јавноста да биде информирана дали каменоломот има Б интегрирана дозвола која е основа за работа на каменоломот.

За жал, до денес, ништо не е превземно околу овие прашања.

Наместо да превземе мерки за решавање на овие проблеми раководството на општината продолжува да се занимава само со тендери и лично богатање.

Со поставува логичкото прашање, за чии интереси работи Општина Битола?

За интересите на поединци и фирми блиски до ДПМНЕ или граѓаните на општина Битола?

Затоа на 11 декември граѓаните ќе ги казнат лошите политики на централно и на локално ниво.

По демократските промени, доаѓа влада на која граѓаните ќе бидат и прв и најважен приоритет“, изјави советникот од редовите на СДСМ, Горан Козаров

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он