(ВИДЕО) Ристоска: УБК одбива да се утврди дали има следење на комуникациите без судски налог

Од:

Обвинителката Ленче Ристоска појасни дека од Основниот суд има прибавено две судски наредби, една за одземање на службена документација која се однесува на сите издадени ПИ мерки , а другата наредба е за претрес на комјутерски систем и комјутерски податоци.

-Податоците кои ги бараме се круцијални и специфични, и врз основа на нив може да се утврди кои се броеви биле предмет за следење на податоците. Нас не интересира дали има надвор од судските наредби следење на комуникациите од страна на УБК, рече Ристоска.

Вчера од наша страна, беше побарана асисистенција од Секторот за внатрешни работи во Скопје, од страна на УБК бевме примени и подолг период се убедувавме дека треба судската наредба да се спроведе. Беше формирана и комисија во МВР по наше барање за да има увид во целата работа, во која има членови и од УБК, рече Ристоска.

Таа кажа дека соработката со УБК оди тешко, и долго траеле убедувањата дали треба да се спроведе судска наредба.

-Тоа е преседан и загрижени сме што државна институција одбива да спроведе судска наредба и наоѓа изговори таа да не се спроведе, рече Ристоска.

По наредбата за одземање на документација веќе се постапува и правиме попис на сите наредби, а ќе следи и одземање на книгите за евиденција, посочи Ристоска.

По однос на другата наредба се уште нема начин. Утрово дознавме дека во МВР се воведени посебни процедури за влез, па нашите колеги беа оневозомжени да влезат, па чекавме еден час за да се заменат нашите колеги кои дежураат во УБК. Исото се случи и со специјалната јавна обвинителка. Од првичната просторија сега сме сместени во друга и таму ќе чекаме се до извршување на наредбата, рече Ристоска.

Таа кажа декане знае во кое својство Митко Чавков и Оливер Андонов дошле во УБК и посочи дека наредбата е од судот и таа мора да биде извршена без изговори.

-Се беше направено на мирен и културен начин, но бевме приморани и ноќта да ја поминеме таму и така ќе остане и следните денови, нема да змаинуваме, најави Ристоска.

Единствените две лица кои имаат пристап во тој систем не се во државата во овој момент, сепак не известија дека ќе направат напори лицата да се вратат во Македонија и во текот на денот ќе добиеме информација дали може да се прибават информациите, рече Ристоска.

Она што мора да се знае дека ние како обвинителство не бараме податоци за тековните мерки на УБК, ниту вршиме упад како што бевме обвинети, напротив ние сакаме да работат законски. Ни требааат докази дали УБК прислушувала без судски налози, а проверката е добра и за институцијата зошто со тоа ќе може да кажеме дека професионално си ја вршела работата.

Ристоска појасни дека од СЈО знаеле дека овие системи се на телекомуникациските оператори, и не отишле неподготвени.

-Полициска асистенција побаравме во текот на вчерашниот ден, сега спорведувањето на судскста наредба почна да се извршува. Очекуваме од УБК да каже кога ќе пристигнат струните лица и да ги земеме податоците.

Ние не можеме да ги контролираме влезовите и излезите на МВР, она што е јасно на сите службени лица е дека уништувањето на службена документација е кривично дело.

Бараме податоци за одреден период од УБК, постојат активни мерки кои се однесуваат и на тој период. Наша должност е се што не се однесува на нашата работа да го чуваме како службена тајна. Во наш интерес е безбедноста на државата, и затоа ги отфрламе тврдењата дека ние го поткопуваме безбедносниот систем.

Претставник од компанијата која ги опслужува мобилните оператори треба да ги издвои податоците кои ги барае од целокупната база на податоците, но одговорен за таа постапка е УБК, податоците физики се наоѓаат во УБК и тоа значи дека Управата мора да ни озвозможи пристап до системите, пасворд па потоа и извлекување на податоците, УБК е таа што треба да ја спроведе наредбата, а немаше ниту волја, ниту никакви напори од нивна страна.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов